ИРАН ИСПРАТИ ЗАКАНА ДО ИЗРАЕЛ Балистички и крстосувачки ракети за иранска доминација на Блискиот Исток

Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал-мајор Мохамед Багери истакна дека истовремено биле истрелани 16 балистички ракети од различни класи, кои уништиле однапред одредени цели.

519

Воените вежби предводени од Иран оваа недела во Персискиот Залив беа со цел да се испрати предупредување до Израел, изјавија денеска највисоки ирански воени команданти.

Воените вежби на Револуционерната гарда, кои вклучуваа истрелување балистички и крстосувачки ракети, завршија денеска.






– Овие вежби имаа многу јасна порака, а тоа е сериозно предупредување за заканите на ционистичкиот режим да внимава на своите грешки – изјави началникот на Гардата, генерал Хосеин Салами за државната телевизија.

Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал-мајор Мохамед Багери истакна дека истовремено биле истрелани 16 балистички ракети од различни класи, кои уништиле однапред одредени цели.

Иран наведува дека неговите балистички ракети имаат дострел од 2.000 километри и се способни да стигнат до Израел и американските бази во регионот.

Поврзани содржини