ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ВРТОГЛАВО РАСТЕ Струјата е најскапа во Франција, а големо поскапување е најавено во Австрија

Највисока цена на струјата утре ќе има Франција – 442,88 евра за мегават/час, што е зголемување за 15,9 отсто во однос на денеска. На австриската берза струјата за утре поскапува за 25,9 отсто во однос на денешната.

513

Цените на електричната енергија во Европа продолжуваат да растат и при денешното затворање на енергетските берзи, покажуваат податоците на платформата Energylive. Зделките се за утрешна испорака, 21 декември.

Највисока цена на струјата утре ќе има Франција – 442,88 евра за мегават/час, што е зголемување за 15,9 отсто во однос на денеска. На австриската берза струјата за утре поскапува за 25,9 отсто во однос на денешната. Таму струјата утре ќе чини 434,34 евра за мегават/час. Во Белгија поскапувањето ќе биде за 19,2 отсто, при што берзата се затвора со цена од 432,99 евра за мегават/час.






Во Грција поскапувањето на струјата е 8,2 отсто, а утре струјата ќе се продава за 342,35 евра за мегават/час.

Намалување на цената на струјата е забележано само на берзите во Шпанија и Португалија – за 3,7 отсто.

Поврзани содржини