ОМИКРОНОТ БЕСНЕЕ ПО СВЕТОТ Новиот сој во ризик ги става и вакцинираните
Во текот на овој месец, бројот на заразени и починати лица од ковид-19 во САД е зголемен за 50 одство, а за 26 одсто е зголемен бројот на хоспитализирани.
Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи, ги повика Американците кои ќе патуваат за време на празниците да примат бустер доза од вакцините.
– Сојот омикрон е лесно пренослив и беснее по светот, а патувањата го зголемуваат ризикот од инфекција дури и кај вакцинираните – изјави Фаучи.
Тој истакна дека нема сомнеж дека ќе дојде до ширење на вирусот, како и дека сојот омикрон ќе стане доминантен во САД, истиснувајќи го сојот делта.
Во текот на овој месец, бројот на заразени и починати лица од ковид-19 во САД е зголемен за 50 одство, а за 26 одсто е зголемен бројот на хоспитализирани.
Досега сојот омикрон е детектиран во 43 од 50 сојузни американски држави, се наведува во извештајот на Ројтерс.