… Послушајте Македонци! Бидете на штрек пред такви „правни“ диверзии, од каде и да идат, со кои се фрла кал на нашите светли датуми и нашите постигања. За нас повеќе отколку за многу други во светот јазикот претставува со сè што е на него создадено како говорен и пишуван текст најголемо приближување на идеалната татковина, тој е заправо единствена наша комплетна татковина.
И оние наши места што се испустени живеат во нашата традиција со песните, приказните, гатанките и пословиците, запишани некогаш во нив, и оние наши места што се испустени ги опишува, опева и слави современата литература на македонски јазик.
Затоа и во моменти на ломења, раслојувања и колебања, последно што треба да ни паѓа
на ум е да ги поставуваме под прашање придобивките на нашата самостојна акција на јазичен план.
(Фејсбук статус на Катица Ќулафкова)