ТЕЖИ 310 КИЛОГРАМИ Шри Ланка го покажа најголемиот природен сафир во светот (ФОТО)
Ранапура Рајна, каде што е пронајден сафирот, е дом на најголемото ѕвездено јато сафири кое е откриено случајно.
Властите во Шри Ланка го изложија најголемиот природен син сафир тежок 310 килограми, јавува Ројтерс.
Каменот од видот корунд сафир бил откриен пред три месеци.
Според локалните експерти, тој е еден од најретките во светот поради неговата тежина од преку 300 килограми.
Скапоцениот камен сè уште нема добиено сертификат од меѓународни организации.
Изложен е во домот на еден од сопствениците на рудникот Хорана, кој се наоѓа на 65 километри јужно од Коломбо.
Ранапура Рајна, каде што е пронајден сафирот, е дом на најголемото ѕвездено јато сафири кое е откриено случајно.
Популарен е и како главен град на скапоцените камења во Шри Ланка.
Земјата е водечки извозник на сафири и други скапоцени камења.
Името на сафирот доаѓа од грчкиот збор „sappherios“ – сино. Сепак, опсегот на бои на овие камења е впечатлив по својата разновидност – има виолетово-сини, зелени, жолти, безбојни, портокалови и розово-портокалови сафири.
Тие често се користат за украсување на круни. Темносиниот сафир „Свети Едвард“ се наоѓа во центарот на крстот на круната на Британската империја. Круната на Руската империја е украсена со два големи сафири со тежина од 258 и 200 карати.
A group of Buddhist monks chanted blessings for the gemstone before it was unveiledhttps://t.co/quzHWUqMTl
— IE Lifestyle 😷 (@lifestyle_ie) December 13, 2021