ОМИКРОН-СОЈОТ СЕ ПРОШЕТАЛ ВО 63 ЗЕМЈИ Најбрзо се шири во Велика Британија и во Јужна Африка

Сепак, поради недостиг на податоци, не може да се каже дали стапката на ширење на омикрон-сојот се должи на фактот дека тој е поотпорен на имунолошки одговор, дека полесно се пренесува или можеби се работи за комбинација од двете.

236

Омикрон-сојот на коронавирусот е утврден во 63 земји во светот заклучно со 9 декември, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, омикрон-сојот е позаразен од делта-сојот и ја намалува ефикасноста на вакцините, но предизвикува поблаги симптоми, како што покажуваат првичните податоци.






Забрзано ширење на омикрон е забележано во Јужна Африка, каде што делта-стојот е помалку распространет, но и во Велика Британија, каде што делта-сојот е доминантен.

Сепак, поради недостиг на податоци, не може да се каже дали стапката на ширење на омикрон-сојот се должи на фактот дека тој е поотпорен на имунолошки одговор, дека полесно се пренесува или можеби се работи за комбинација од двете.

Првичните податоци покажуваат дека вакцините се помалку ефикасни во однос на заразата и ширењето на омикрон-сојот, сметаат од СЗО.

Досегашните набљудувања покажаа дека омикрон-сојот предизвикува блага форма на зараза или асимптоматски инфекции, но според СЗО, податоците се недоволни за да се утврди клиничката тежина на оваа варијанта.

Поврзани содржини