КАКО ДА ОСТАНЕМЕ ДОМА Сајкоски ја претстави новата доктрина на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ, покрај изборот на претседател на партијата, денеска ќе се донесе и доктрина со 16 теми која ќе биде платформа за идните делувања на партијата.

1,816

На денешниот редовен 17. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, покрај изборот на претседател на партијата, ќе се донесе и доктрина која ќе биде платформа за идните делувања на партијата. Првата тема во оваа доктрина е како да останат граѓаните во државата, а има теми и од областа на образованието и енергетиката, изјави денеска пред почетокот на Конгресот, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

На Конгресот ќе учествуваат вкупно 517 делегати, а како што рече Сајкоски, доставена е една кандидатура за претседател, и тоа од Христијан Мицкоски, кој и досега беше на таа функција.






– Покрај изборот на претседател на партијата, Конгресот ќе донесе и документ, акт, политички документ или доктрина која ќе биде платформа за идни делувања на ВМРО-ДПМНЕ. По изборот на претседател, на Конгресот ќе биде избран и статутар на Комисија и Комисија за надзор и финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ – рече генералниот секретар на партијата.

Тој посочи дека во партијата се уверени оти од овој Конгрес ќе излезат уште пообединети, уште посилни и ќе донесат нови победи на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија.

– Ние гледаме дека изминатиов период државата е во тешка економска, социјална, здравствена, но и енергетска криза која што оди на штета на граѓаните. И нема никаква одговорност. Ние ветуваме дека ќе донесеме одговорност, ветуваме дека следниот период ќе се бориме да ја направиме Македонија една подобра држава за живеење – додаде Сајкоски.

Како што рече тој, првата тема во доктрината е како да останат граѓаните тука во нашата држава, да работат, да не одат во странство и да ја гледаат својата иднина тука.

– Во доктрината има 16 предвидени теми. Понудени се и нови теми во орбазованието, каде што велиме дека треба сите заеднички да застанеме и да изградиме нешто ново во образованието, образованието да биде посебен столб со консензус од сите политички партии во држава, за нешто да смениме, да подобриме бидејќи образованието е основа на сите процеси во државата. Исто така, имаме понудено и нови проекти за енергетиката, но и други теми – додаде Сајкоски.

Поврзани содржини