ДА БИДЕМЕ ОДГОВОРНИ ДА ГО ЗАШТИТИМЕ ЗДРАВЈЕТО Пендаровски прими трета доза вакцина против ковид-19
Претседателот на Републиката смета дека масовната вакцинација е најсигурен и најбезбеден начин за справување со ковид-19.
Претседателот Стево Пендаровски денеска, заедно со вработените во Кабинетот ја примија третата доза вакцина против коронавирусот.
„Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето здравје и здравјето на другите“, пишува Пендаровски на својот фејсбук-профил.
Тој додава дека масовната вакцинација е најсигурен и најбезбеден начин за справување со ковид-19.