ДОБРА ВЕСТ ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ Молдавци најавуваат доаѓање во Охрид и Скопје
Деновиве 16 тур оператори од Молдавија се запознаат со туристичките потенцијали кои ги нуди земјава и можностите за отпочнување на туристичка размена.
Туристи од Молдавија во следните години ќе престојуваат во земјава. интерес има за Скопје и Охрид, а во програмите на молдавските туроператори се планирани и екскурзии за Тетово, Маврово, Струга, Вевчани и Битола информираат од агеницјата за промоција на туризмот.
Молдавските тур-оператори најавле дека ќе ја прошират својата програма и наместо како дел од кружна автобуска тура, Скопје и Охрид ќе влезат како независна понуда во нивните каталозите. Деновиве 16 тур оператори од Молдавија се запознаат со туристичките потенцијали кои ги нуди земјава и можностите за отпочнување на туристичка размена.
– Последнава година има неверојатен интерес за посета на РС Македонија од страна на земјите од источно-европскиот блок, со кои претходно не сме имале интензивна соработка. Очекувам отворањето на овие пазари да доне нова енергија, а ние ќе продолжиме да работиме на квалитетна промоција со цел да привлечеме посекувани профили на туристи – изјави Љупчо Јаневски, директор на АППТ.
Тој информира дека одд овој пазар досега посетите биле дел од кружна, комбинирана, автобуска тура Албанија-Македонија.