НА ПОЗНАТИОТ АКТЕР МУ ПОЧИНАЛ СИНОТ ОД ТУМОР Имал само пет месеци (ВИДЕО)
Тој низ солзи им раскажа на гледачите како тој и неговото семејство дознале дека малиот се бори со хидроцефалус.
Актерот и водител Ник Кенон вчера во својата емисија објави дека неговиот петмесечен Зен починал од тумор.
Тој низ солзи им раскажа на гледачите како тој и неговото семејство дознале дека малиот се бори со хидроцефалус.
„Забележав дека често кашла и сакав да проверам. Кога имаше два месеца сфативме дека тешко дише и дека главата му е голема, па го однесовме на лекар поради синусите и проблемите со дишењето. Мислевме дека тоа ќе биде рутинска проверка“, рекол Кенон во емисијата.
Семејството набрзо открило дека малиот Зен има течност во главата и дека се работи за малигнен тумор. Тој имал операција на мозокот, но неговата состојба се влошила.
„Туморот почна да расте многу побрзо. И така, знаевме дека е време “, започна тој пред да се задави.
„Овој викенд се обидов да го поминам најдоброто време што можам да го поминам со Зен. Не знаев како ќе се справам со денешниот ден, но сакав само да тагувам со семејството“, рекол Кенон.
Кенон одлучил да се повлече извесен период и емитувањето на неговото шоу ќе биде прекинато на одредено време.
Инаку, малиот Зен беше неговото седмо дете кое го доби во јуни со манекенката Алиса Скот.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм