УАПСЕН ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВОТО НА КАШОГИ Еден од џелатите што го убија, го распарчија со пила и го кремираа познатиот новинар
Во 2017 година, саудиските агенти упаднале во канцеларијата на Кашоги со саудискиот конзул во Истанбул, го задавиле со пластична кеса завиткана околу главата, му го исекле телото со пила, а деловите ги ставиле во вреќи. Неговото распарчено тело било пренесено во резиденцијата на конзулот, каде што било кремирано.
Калид Аед Алотаиби, осомничениот член на групата кој го изврши убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018 година, е уапсен денеска на аеродромот Шарл де Гол во Париз, јавија француските медиуми повикувајќи се на судски и аеродромски извори, пренесе МИА.
Приведувањето е спроведено по распишана потерница од Турција во 2019 година. Алотаиби е поранешен саудиски гардист и патувал под свое име. Моментно се наоѓа во притвор. Името на Алотаиби е објавено во написи на „Вашингтон пост“ кога весникот пишуваше на таа тема. Тој е еден од 26 Саудијци по кои Турција има распишано потерница поради убиство на новинарот.
Џамал Кашоги беше истакнат критичар на саудиската влада и беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година. Тој беше колумнист на „Вашингтон пост“, новинар и уредник, кој порано беше инсајдер во саудискиот естаблишмент, но пво 2017 година мораше да ја напушти својата татковина, бидејќи стана „прегласен“.
Кашоги е убиен откако влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, убеден е дека ништо нема да му се случи внатре. Тој побарал официјален документ за да може да се ожени со својата турска свршеница, која останала да го чека пред амбасадата и на која ѝ оставил мобилен телефон со инструкции да се јави на советникот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, доколку не ја напуштаизградата.
Саудискиот конзул и уште 15 саудиски агенти дошле во Истанбул со два приватни авиона, со анестетици, пила за коски и со сите други алати потребни за егзекуција, но не знаеле дека турските разузнавачки служби го прислушувале конзулатот. Така е снимено што му се случило на Кашоги откако стапнал во зградата на конзулатот.
Саудиските агенти упаднале во канцеларијата на Кашоги со саудискиот конзул, а по краткиот разговор и принудувајќи го да му испрати порака на синот, го совладале и го задавиле со пластична кеса завиткана околу главата. Кашоги се гушел 7 ипол минути. Потоа му го исекле телото со пила, а деловите ги ставиле во вреќи. Неговото распарчено тело било пренесено во резиденцијата на конзулот, каде што било кремирано.