ХАЈРЕДИНИ ВЕЛИ ДЕКА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ УЦЕНУВА Груби е моќен со „бомби“ од Заев

2,232

Вицепремиерот Артан Груби покажува моќ благодарение на премиерот Зоран Заев кој му дал дел од „бомбите“ што ги поседуваше, рече поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вечерва во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Хајредини истакна дека Груби поседува телефонски разговори и од кадри на ДУИ и со тоа ги држи во раце, а исто така напомена и дека ако некој се закачи со првиот вицепремиер тој користел и други методи.






-Заев му дал бомби на „Груби“ и затоа тој се прави силен и никој ништо не му може. Тој може и со сила да го избрка генералниот секретар на Владата и ништо од тоа, а со тие „бомби“ Груби ги држи во раце и кадрите на ДУИ бидејќи тој има дел „бомби“ и од нив – тврди Хајредини.

Поврзани содржини