ЗБОГУМ, КАНЈЕ Ким Кардашијан е во врска со 13 години помладиот заводник (ФОТО)
Оваа информација прв ја пласираше американскиот магазин „Page Six“, а последниве денови бевме сведоци на бројни дружења на новиот пар.
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (41) и американскиот комичар Пит Дејвидсон (28) официјално се заедно. Извесен период беа во пријателски односи, но по последните фотографии пријателството прерасна во емотивна врска.
Оваа информација прв ја пласираше американскиот магазин „Page Six“, а последниве денови бевме сведоци на бројни дружења на новиот пар.
Новопечените гулапчиња се држеа за рака во заедничката прошетка, а не им пречеше љубопитноста на бројните новинари кои ги фотографираа.
View this post on Instagram
Обожавателите почнаа да шпекулираат за нивната врска уште откако пред неколку недели беа забележани како се држат за раце во забавен парк.
Ким и Пит неодамна глумеа во скечеви на американското телевизиско шоу „Saturday Night Live“ кога се бакнаа, маскирани во Аладин и Јасмин.
Се чини дека зад професионалниот бакнеж и тогаш се криело нешто повеќе.
View this post on Instagram
Пред Ким, познатиот комичар веќе освои многу познати убавици. Пит беше во врска со писателката и актерка Каци Дејвид (27) од 2016 до 2018 година.
По раскинувањето со неа, одекна веста дека Пит ја оставил преку СМС-порака за да започне врска со пејачката Аријана Гранде (28). Аријана и Пит се свршија само неколку недели откако ја открија својата романса, но нивната свршувачка траеше само неколку месеци.
Во 2019 година, Пит беше во врска со 20 години постарата актерка Кејт Бекинсејл (48).
Излегуваа само еден месец, а комичарот и по раскинувањето имаше само убави зборови за Кејт, па ја нарече „најдуховитата личност што ја запознал“.
View this post on Instagram
Истата година, комичарот започна романса со ќерката на Синди Краворд, Каја Гербер, која тогаш имаше 18 години. Сепак, ниту таа врска не траеше долго.
ФОТО: Инстаграм