ИСЧЕЗНУВАМ САМО КОГА НА МИЦКОСКИ ЌЕ МУ ПРОПАДНЕ МНОЗИНСТВОТО Пендаровски му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот Стево Пендаровски вели дека во земјава функционира парламентарна демократија, а не претседателски систем.

1,792

Одеднаш исчезнувам откако на Христијан Мицкоски му пропадна обидот да направи парламентарно мнозинство. Вака претседателот Стево Пендаровски му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ откако тој го обвини шефот на државата дека е „исчезнат“ и дека критикува само по нарачка.

Претседателот Стево Пендаровски вели дека во земјава функционира парламентарна демократија, а не претседателски систем.






– Интересна е неговата изјава дека сум исчезнат, за него не бев исчезнат додека се обидуваше да направи парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Одеднаш, според него исчезнувам откако му пропадна обидот да направи мнозинство од 61 пратеник – рече Пендаровски.

Минатата недела пропадна обидот за гласање недоверба на владата откако пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, не дојде на седницата.

Поврзани содржини