КИНА ИМА ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ НА 5-Г ОД ЖИТЕЛИ НА ЕУ 450 милиони Кинези сурфаат на брз интернет
5-Г Интернетот, чија брзина е 100 пати поголема од 4-Г, овозможува пренос на големи количини на податоци за многу кратко време.
Според владини податоци, во Кина веќе има 450 милиони корисници на 5-Г мрежата, технологија дизајнирана да внесе револуција во мобилниот интернет.
5-Г Интернетот, чија брзина е 100 пати поголема од 4-Г, овозможува пренос на големи количини на податоци за многу кратко време.
Кина, која беше една од првите земји што официјално лансираше 5-Г во 2019 година, е пионер на ова поле благодарение на технолошкиот напредок на нејзиниот лидер Хуавеи.
Повеќето од паметните телефони што се продаваат во земјата каде што локалните брендови доминираат на пазарот се компатибилни со 5-Г.
Околу 450 милиони луѓе во Кина користеле 5-Г барем еднаш, што е повеќе од целата популација на ЕУ, според Министерството за индустрија и информатичка технологија. Во 2025 година, речиси сите градови и села во земјата ќе бидат поврзани на 5-Г мрежата, соопшти Министерството.