СЕ ЈАВИ БАСИСТОТ НА КИСС, ГИ ПОЗДРАВИ НЕВАКЦИНИРАНИТЕ „Вие сте непријателот“

„Не ми е гајле за вашите политички убедувања. Не ви е дозволено да заразите некого само затоа што мислите дека имате права кои, всушност, се заблуди“, рече Симонс.

292

Не треба нè чуди што легендата на познатата рок-група Кисс, Џин Симонс гласно ги поддржува вакцините. Во интервју објавено на стартапот „TalkShopLive“ за стриминг видеа на славни личности, тој ги обвини „заблудените“ антиваксери затоа што ги ставаат на ризик луѓето околу нив, пишува Футуризам.

– Ако сте спремни да шетате меѓу нас невакцинирани, вие сте непријателот – рече Симонс и додаде:






– Не ми е гајле за вашите политички убедувања. Не ви е дозволено да заразите некого само затоа што мислите дека имате права кои, всушност, се заблуди.

 

За Симонс, бесот е оправдан. И тој и неговиот колега фронтмен на Кисс, Пол Стенли, го фатија ковид-19 кон крајот на август, откако беа вакцинирани. Претходно годинава, техничар од нивниот бенд починал од смртоносниот вирус.

Познатиот басист ги спореди антиваксерите со луѓе кои „поминуваат на црвено“ и ги игнорираат сообраќајните закони. За него скептиците за вакцини се слични на рамноземјашите. Тој ги критикуваше затоа што тврдат дека  петте милиони луѓе кои досега умреа од коронавирусот некако починале од други причини.

– Не, кучко, тие умреа затоа што добија коронавирус – гневно рече Симонс.

Ставот на Симонс е освежувачки ако земеме предвид дека многу други познати личности, како Ерик Клептон и Метју Меконахи, јавно се противат на „боцкањето“.

Поврзани содржини