МАЖ СЕ УДАВИ ВО ВАРДАР Гостиварец видел дека скокнал од железничкиот мост

Според првичните сознанија на полицијата, очевидец по телефон пријавил дека маж скокнал од железничкиот мост под старата кланица, а неговото тело водата го однела по течението на реката. Безживотното тело е пронајдено со повреди на главата, најверојатно здобиени од падот.

477

По извршениот увид од јавен обвинител и увидна екипа, утврден е идентитетот на мажот кој вчера се удави во Вардар.

Случајот беше пријавен вчераутро по што полицијата поведе потрага и го откри безживотното тело на  73-годишниот гостиварец во близина на мостот меѓу Старо Чајле и Форино.






Според првичните сознанија на полицијата, очевидец по телефон пријавил дека маж скокнал од железничкиот мост под старата кланица, а неговото тело водата го однела по течението на реката. Безживотното тело е пронајдено со повреди на главата, најверојатно здобиени од падот.

Мотивите и причините за смртта, најверојатно ќе се утврдуваат по обдукцијата и постапката на јавен обвинител

Поврзани содржини