ТЕПАЧКАТА ВО СТАНБЕНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ НА ДИСЦИПЛИНСКА Двете колешки ќе бидат казнети
Должни сме да ја информираме јавноста дека е поведена дисциплинска постапка која има за цел да ги утврди причините и да предложи дисциплински мерки“, велат од претпријатието.
АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор попладнево се огласи во врска со инцидентот во кој две вработени лица кои биле распоредени со работни задачи во Подружница Скопје се степале на работа.
„Должни сме да ја информираме јавноста дека е поведена дисциплинска постапка која има за цел да ги утврди причините и да предложи дисциплински мерки“, велат од претпријатието.
Како што објавивме претходно, вчера во 13 часот во СВР Скопје, 50-годишната С.Ј. од Скопје пријавила дека во петокот била нападната од нејзината колешка во просториите на АД за стопанисување и изградба на станбен и деловен простор, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).