ДВЕ КОЛЕШКИ СЕ СТЕПАЛЕ НА РАБОТА Инцидент во просториите на АД за Стопанисување и изградба на станбен и деловен простор

Како што е наведено во полицискиот билтен, тепачката се случила во работно време и на работно место.

15,776

Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, 50-годишната С.Ј. од Скопје пријавила дека во петокот била нападната од нејзината колешка во просториите на АД за Стопанисување и изградба на станбен и деловен простор, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што е наведено во полицискиот билтен, тепачката се случила во работно време и на работно место.






„С.Ј.(50) од Скопје пријавила дека на 05.11.2021 во 14.00 часот во простории на АД за Стопанисување и изградба на станбен и деловен простор – Скопје на подрачје на Центар, додека била на своето работно место, била физички нападната од нејзината колешка А.О. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, сооппшти МВР.

Поврзани содржини