ЏАБЕ ИМАШ МИЛИЈАРДИ, КОГА НЕ СИ ДИ КАПРИО Сите зборуваат за реакцијата на девојката на Безос (ВИДЕО)
На краткото видео се гледа како Лорен зачудено зјапа во Ди Каприо, додека Безос изгледаше речиси незаинтересирано.
На интернет кружи видео на кое Лорен Санчез, девојката на Џеф Безос, го запознава Леонардо ди Каприо, а нејзината реакција ги принуди сите да ја коментираат случката.
На краткото видео се гледа како Лорен зачудено зјапа во Ди Каприо, додека Безос изгледаше речиси незаинтересирано.
Двојката налета на Ди Каприо на 10-тиот годишен фестивал за уметност и филм во Музејот на уметност во округот Лос Анџелес (LACMA) претставен од Гучи.
Безос, основачот и поранешен извршен директор на Амазон, веројатно нема причина за загриженост со оглед на тоа дека е еден од најбогатите луѓе на планетата со нето богатство од 177 милијарди долари.
Интернетот пак, од друга страна, е немилосрден.
– Онаа кога имаш милијарди, а сепак не си Леонардо ди Каприо – е еден од најсилните коментари.
Џеф Безос се разведе од сопругата Мекензи Безос во 2019 година и објави дека е во врска со атрактивната Лорен Санчез. Со развод тој изгубил над 38 милијарди долари.