КРИЗАТА ЌЕ ЈА НАДМИНЕМЕ СО УВОЗ НА СКАПА СТРУЈА ОД НОРВЕШКА Рафајловски е дециден дека од Косово нема да добиеме јаглен
Ние под итно треба да тргнеме со гасификација, не да спиеме. Тековната криза можеме да ја надминеме со набавка на скапа струја од Норвешка која единствено е достапна на пазарот, а понатаму ќе работиме да го поправиме РЕК да купиме нов багер, конечно да ги изградиме Чебрен и Галиште и на крајот потребни се храбри одлуки а нив може да ги донесат само луѓе што знаат, изјави Рафајловски.
Финансискиот консултант и аналитичар Горан Рафајловски, обвинува за крајна негрижа кон енергетскиот сектор, од страна на сите инволвирани во процесот на производство и увоз на елекрична енергија.
-Утре е нов ден беше главната флоскула на оваа влада, а се однесувавме купи ден помини. Косово, да бидеме начисто нема да ни даде јаглен, а реално ние не извршивме ни редовно одржување на РЕК Битола. За ваквата ситуација оставката е најмалку што може да си поднесат тие луѓе кои стоеа зад оваа стратегија – вели Рафајловски за време на неговото гостување во „Утрински брифинг“.
Рафајловски вели дека компаниите кои добавуваат струја беа убедени дека ќе обезбедат ниска цена на струјата.
-Доколку не го знаеле тоа и не го предвиделе тогаш се лоши во бизнисот. Кај нас се докажа постојат исклучително два силни партиски блока кои постојано се менуваат на власт. Двата партиски блока оној момент кога ќе се затворат сами со себе или го победат другиот создаваат експлозија и одвнатре се распаѓаат – вели Рафајловски.
Тој додава дека одлуките сега треба да бидат многу рационални, а дека струјата сигурно ќе поскапи, па државата ќе мора да интервенира со високи суми од буџетот.
-Ние под итно треба да тргнеме со гасификација, не да спиеме. Тековната криза можеме да ја надминеме со набавка на скапа струја од Норвешка која единствено е достапна на пазарот, а понатаму ќе работиме да го поправиме РЕК да купиме нов багер, конечно да ги изградиме Чебрен и Галиште и на крајот потребни се храбри одлуки а нив може да ги донесат само луѓе што знаат – изјави Рафајловски.