СОПРУГАТА НА БОЛДВИН ЈА РАЗБЕСНИ ЈАВНОСТА Очајнички сака внимание (ВИДЕО)
По трагичниот настан, Болдвин поминува време со семејството во Вермонт каде одржа прес-конференција.
Актерот Алек Болдвин минува низ тешки денови откако ненамерно ја уби снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза на снимањето на филмот, а неговата сопруга Хиларија на социјалните мрежи објави неколку фотографии од прославата на „Ноќта на вештерките“ со нивните шест деца.
По трагичниот настан, Болдвин поминува време со семејството во Вермонт каде одржа прес-конференција.
– Таа ми беше како семејство. Несреќи на снимање се случуваат одвреме-навреме, но ниедна не била како оваа. Тоа се случува еднаш во трилион пати. Таа ми беше пријателка, а кога дојдов во Санта Фе ја однесов на ручек со другите продуценти, бевме одлична екипа и потоа нè погоди трагедијата – им рекол Алек на новинарите кој се појавил на конференцијата во друштво на неговата сопруга Хиларија, која со своето однесување ја разбесни јавноста.
Имено, на Хиларија ѝ забележаке тоа што постојано го прекинувала Алек, му упаѓала во збор и ги снимала насобраните новинари со мобилниот телефон, па многумина ја прозвале на социјалните мрежи дека се обидува да привлече внимание, а потоа таа објавила фотографии од семејната прослава на „Ноќта на вештерките“ со значајна порака.
– Родителството беше интензивно искуство низ овој тежок. Денеска решивме да си дозволиме празник, ги направивме костимите во последен момент, но децата беа толку среќни што ми го стоплија срцето. Среќна „Ноќ на вештерките“ од Болдвин – напишала Хилари со фотографии и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм