АРСОВСКА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА Наредните четири години ќе бидам ваш човек во градот
Таа посочи дека разликата е огромна, повеќе од 20.000 гласови во однос на противкандидадот Петре Шилегов.
Данела Арсовска им се заблагодари на граѓаните за огромната поддршката што таа ја доби на локалните избори, што ѝ овозможи победа во трката за градоначалник на Скопје.
Таа посочи дека разликата е огромна, повеќе од 20.000 гласови во однос на противкандидадот Петре Шилегов. Данела вети дека напорно ќе работи, а дека скопјани во неа ќе имаат свој човек во градот. Таа се осврна и на црната кампања што беше водена против неа од страна на СДСМ, потенцирајќи дека тоа и донесе уште поголема предност во вториот круг.
– Ја поддржавте мојата визија за Скопје, вие бевте против црните кампањи и ми дадовте шанса да го водам градот Скопје во наредните четири години и да бидам ваш човек во градот. Скопје за прв пат има жена за градоначалник ви благодарам од срце. Сега имаме нова шанса посветено да работиме, да побараме одговорност за тоа што не е сработено, а Скопје да го претвориме во чист град. Уште во првите 82 дена ќе мора да исполниме дел од предвидените проекти. Победата е огромна, повеќе од 20.000 гласа предност – изјави Арсовска.