МИЦКОСКИ ПОВИКА НА МАСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ВТОРИОТ КРУГ Да создадеме нова иднина од ова политичко мочуриште

андидат за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е Љупчо Папазов.

213

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во пресрет на вториот круг од локалните избори го посети Кочани, каде ги повика граѓаните во што е можно поголем број да излезат на вториот круг од локалните избори.

– Неколку дена пред вториот круг мојата порака до жителите на Кочани да излезат масовно на локалните избори, да го заокружат бројот 7, да заокружат за Љупчо(Папазов н.з.) затоа што на тој начин можеме сите ние заеднички да создадеме нова иднина, нова иднина која што ќе го порази ова политичко мочуриште и оваа наша погрешна реалност која што денеска ја живееме. Да застанат заедно со победничката нова иднина која што ќе ги победи овие локални избори во Македонија за да можат сите оние проекти кои што се значајни за народот на Македонија да бидат реализирани, кои што се значајни за народот од Кочани – порача Мицкоски.






Кандидат за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е Љупчо Папазов.

Поврзани содржини