ЈУТЈУБ ИЗГАСИ 7 МИЛИОНИ СМЕТКИ НА МАЛОЛЕТНИЦИ Младите лажат дека имаат над 13 години и гледаат сѐ и сешто
Тешко е да се уловат младите кои на Јутјуб се претставуваат како постари од 13 години. Сепак, тоа е мала бројка ако се знае дека Јутјуб го користат над 2 милијарди луѓе од вкупно 7,8 милијарди колку што во моментов има во светот.
Над 7 милиони сметки за кои се смета дека се на малолетници биле изгасени од Јутјуб во првите девет месеци годинава под притисок на американскиот Сенат, кој на расправа утринава ги повика и мрежите ТикТок и СнепЧет за да зборуваат за штетното влијание врз младите, пишува Мондо. На Јутјуб сметка можат да имаат сите деца над 13 години, а за помладите постои Јутјуб Кидс, канал со приспособена содржина за деца.
Тешко е да се уловат младите кои на Јутјуб се претставуваат како постари од 13 години, а во последниот месец биле блокирани 3 милиони сметки. Сепак, тоа е мала бројка ако се знае дека Јутјуб го користат над 2 милијарди луѓе од вкупно 7,8 милијарди колку што во моментов има во светот.
Сослушувањето на Јутјуб, ТикТок и СнепЧет доаѓа неколку денови по сослушувањето на Фејсбук, кога пред истите сенатори поранешната вработена Френсис Хауген рече дека компанијата се соочува со „морален банкрот“, бидејќи нивните производи „им штетат на децата, ги поттикнуваат поделбите и ја ослабуваат демократијата“.
Јутјуб годинава ангажираше вештачка интелигенција за да прави поголеми проверки и да ограничува кој гледа какви видеа. Алгоритмот автоматски ги категоризира видеата кои се соодветни за деца под 13 години, а ги забранува тие што не се.
Дали тоа ќе биде доволно за да се убеди Сенатот, останува да видиме.