НАЈЗГОДНИОТ ПАР ПОВЕЌЕ НЕ СЕ КРИЕ! Која е жената што му го украде срцето на Ченинг Тејтум? (ФОТО)
Веќе неколку месеци медиумите ги поврзуваа згодниот актер и харизматичната актерка, а сега се појавија во прегратка.
Велат дека тие двајца сега се најзгодниот нов пар во шоу-бизнисот. Ченинг Тејтум и Зои Кравиц повеќе не кријат дека се заедно!
Ченинг Тејтум и Зои Кравиц конечно потврдија дека се пар! Веќе неколку месеци медиумите ги поврзуваа згодниот актер и харизматичната актерка, а сега се појавија во прегратка.
Ќерката на рок-легендата Лени Кравиц се разведе од Карл Глусман по само две години брак, а кога судскиот процес заврши, тогаш и првпат се појави со Ченинг. Меѓутоа, тогаш немаше никакви назнаки за физички контакт во јавноста меѓу нив. Сепак, фантазијата дополнително ја поттикна нивното пристигнување на церемонијата Мет гала, каде одделно прошетаа на црвениот тепих, продолжението на гала настанот го поминаа заедно.
View this post on Instagram
Папараците изминатиов викенд ги уловија на опуштена прошетка низ Њујорк. Фатени за раце, убавата Зои и згодниот Ченинг прошетаа по улиците на Њујорк.
Ченинг, кој е тајна љубов на милиони жени во светот, очигледно бил расположен, па прво ја држеше својата девојка за рака, а потоа се прегрнаа.
Тој беше оженет, а се разведе од сопругата Џена Деван во 2018 година.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм