ФОЛКСВАГЕН РАЗВИВА САМОВОЗЕЧКО ЕЛЕКТРИЧНО ТАКСИ Ќе вози деца, пензионери и лица со посебни потреби

Практичноста на возилото ја покажува и можноста за спуштање или подигнување на шасијата, што може автоматски да ја приспособи својата висина според висината на тротоарот – така што патниците во инвалидски колички, како и секој друг, ќе можат безбедно да влегуваат и излегуваат преку голема лизгачка врата.

643

Ниту Фолксваген не изостанува од трката по електрични возила, а најновото роботско такси на компанијата е замислено како самовозечка кола која ќе ги пренесува децата, пензионерите, луѓето со посебни потреби и сите кои имаат тешкотии со возењето, пишува Аутонет. На својот DRIVE настан компанијата го претстави OnePod – шатл за четворица.

фото: твитер/принтскрин





Големи стакла надвор, внатре сè е со екрани

Големите стакла прават OnePod концептуално да се разликува од некои негови сопарници, а идејата е да се овозможат различни распореди внатре во возилото, имајќи предвид дека ќе го користат разни групи на луѓе. Исто така, внатре ќе има големи екрани со кои патниците ќе го контролираат возењето и ќе добиваат информации.

Сам се приспособува на висината на тротоарот

Практичноста на возилото ја покажува и можноста за спуштање или подигнување на шасијата, што може автоматски да ја приспособи својата висина според висината на тротоарот – така што патниците во инвалидски колички, како и секој друг, ќе можат безбедно да влегуваат и излегуваат преку голема лизгачка врата. Исто така, на задната страна на OnePod ќе има решетка за велосипеди.

ОnePod е развиен во центарот за развој и дизајн наречен Volkswagen Future Center Europe во Потсдам, а ќе биде изложен во Берлин на крајот на годината.

Поврзани содржини