ЌЕ ТРЕБА ЛИ УШТЕ НЕКОЈА ДОЗА ПО ТРЕТАТА ВАКЦИНА? Еве што велат лекарите

По две дози не секогаш има апсолутна реакција кај сите и затоа, според мене, оправдано е да се оди со трета доза. Во суштина нема смисла да се оди евентуално со уште некоја доза бидејќи нашиот имунолошки систем, кога доволно ќе биде поддржан, има доволно капацитет да реагира на инфекцијата, вели лекарот Перо Лучин од Медицинскиот факултет во Риека.

830

Нема смисла да се вакцинираат луѓето против ковид-19 евентуално со уште некоја доза по третата, бидејќи нашиот имунолошки систем, кога доволно ќе биде поддржан ќе има капацитет да реагира на инфекцијата, смета др Перо Лучин од Медицинскиот факултет во Риека.

Епидемиологот Ива Пем Новосел од Хрватскиот завод за јавно здравје објаснува како се разликува третата доза на вакцина, која се дава на имунокомпромитираните лица по серијата од две дози. Во тој случај третата доза се дава минимум осум недели по втората доза и бустер дозата, односно третата доза се препорачува на лицата постари од 65 години, на лицата кои се корисници на старските домови и на нивните вработени, на сите здравствени работници, на лицата кои имаат хронични болести поради кои се во ризик од тешка форма на ковид и на домашните на имунокомпромитираните лица.






– Тие сите припаѓаат на ризичната група, а овозможено е и сите останати постари од 18 години да се вакцинираат – вели Пем Новосел. Таа додава дека за вакцинација на наведената група треба да помине минимум шест месеци од втората доза.

– Во таа доза се дава Фајзер, додека кај имунокомпромитираните како трета доза може да се даде Фајзер и вакцината на Модерна – вели Пем Новосел.

Таа објаснува дека и тие кои првично се вакцинирале со АстраЗенека за трета доза треба да ја примат вакцината на Фајзер.

– Голема е стапката на нуспојави, така што се одлучи да не се оди со АстраЗенека – додава таа.

Перо Лучин од Медицинскиот факултет во Риека смета дека препораките се добро избалансирани и дека е добро да продолжат.

– Битно е да се разбере дека сите луѓе не реагираат исто, дека има луѓе кои послабо реагираат, а тоа значи дека се послабо заштитени и дека всушност е потребно уште еднаш да се поддржи имунолошкиот систем за да се постигне максимум реакција, максимален број клетки кои можат да се борат со вирусот, вклучувајќи го и бројот на клетките кои произведуваат антитела. По две дози не секогаш има апсолутна реакција кај сите и затоа, според мене, оправдано е да се оди со трета доза. Во суштина нема смисла да се оди евентуално со уште некоја доза бидејќи нашиот имунолошки систем, кога доволно ќе биде поддржан, има доволно капацитет да реагира на инфекцијата – вели Лучин.

Според него, вирусот има природен капацитет да мутира, но дека не може во недоглед да мутира.

– Како што се појавуваат мутациите, така може да се намали и афинитетот. Секако, ние не можеме да знаеме до каде може да одат мутациите со зголемување на афинитетот, но можноста за подобрување на самиот себе, значи на вирусот сепак е лимитирана – вели Лучин и додава дека тоа колку нови соеви ќе се појават зависи од тоа колку вирусот ќе успее да зарази луѓе, а тоа сепак полека се смирува. Според него, сепак сè уште може да се очекуваат нови варијанти на вирусот.

 

Поврзани содржини