ФУДБАЛ ЌЕ СЕ ИГРА И КОГА ВРНЕ И КОГА ВЕЕ Јакимовски најави покривање на игралиштето „Сокол“ во Карпош

На култното игралиште „Сокол“ ќе се игра и кога ќе врне и кога ќе вее. Ова игралиште овде ќе го покриеме ќе ставиме вештачка трева ќе направиме уште подобри трибини за да можат младите да играат и кога паѓа дожд и кога врне снег и сето тоа ќе биде на терет на општината, изјави Стевчо Јакимовски. кандидат на ГРОМ за градоначалник на Општина Карпош.

400

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска најави реновирање и покривање на спортското игралиште „Сокол“ во Карпош 1 за да може, како што рече, да се користи во сите годишни времиња и под сите временски услови.

Култното игралиште исто така ќе добие вештачка трева и нови трибини, најави Јакимовски.






– На култното игралиште „Сокол“ ќе се игра и кога ќе врне и кога ќе вее. Ова игралиште овде ќе го покриеме ќе ставиме вештачка трева ќе направиме уште подобри трибини за да можат младите да играат и кога паѓа дожд и кога врне снег и сето тоа ќе биде на терет на општината – изјави Јакимовски.

Поврзани содржини