ТОРНАДО ЈА ПОГОДИ ИТАЛИЈА Паднаа најобилни врнежи во историјата има и повредени ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА
Врнежите од дожд во Савона беа најобилните во историјата, предизвикувајќи свлечишта и поплави. Во прекин беше патниот и железничкиот сообраќај.
Невреме со пороен дожд и град ја погоди денеска Катанија, на Сицилија, а градските власти објавија на Фејсбук дека ги погодило „торнадо“.
Локалните медиуми известија дека неколку луѓе се повредени, но никој не е пренесен в болница.
Оштетени се неколку куќи, искорнати се дрвја, а некои патишта се затворени. Четири авиони кои требале да слетаат морале да бидат пренасочени кон други аеродроми.
Италија оваа недела беше погодена од бури, па во Лигурија по обилните дождови вчера и денеска, реките се излеаја. Мал мост се урнал, а спасувачите мораа да евакуираат 10 семејства, објавија италијанските медиуми.
ФОТО: Фејсбук