ГРЧКИ ФУДБАЛЕР ПРОНАЈДЕН МРТОВ СО ЈАМКА НА ВРАТОТ Полицијата води истрага за убиство ВИДЕО
Постои сомнеж дека станува збор за убиство со оглед дека 31 годишниот Цуманис е пронајден со пластично кесе на главата и со врзани раце зад грбот. Полицијата веднаш отворила истрага.
Грчкиот фудбалер Никос Цуманис утрово е пронајден мртов во автомобил во местото Каламариа во близината на Солун.
Полицијата веднаш пристигнала на лице место, а вештачењето покажало дека смртта настапила со давење. Семејството го пријавиле неговото исчезнување во понеделникот попладне, а утрово е пронајдено безживотното тело.
Постои сомнеж дека станува збор за убиство со оглед дека 31 годишниот Цуманис е пронајден со пластично кесе на главата и со врзани раце зад грбот. Полицијата веднаш отворила истрага.
Цуманис во минатото беше дел од Арис, а играше и за Македоникос, Ксанти, Керкира, Пантракикос и Верија. Во последните две години беше дел од Аполон Понту. Играше на позиција лев бек.