ПРВА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА СРЕДБА Што ќе зборуваат Пендаровски и неговата грчка колешка Сакеларопулу?

Од Претседателската, претседателот Пендаровски ќе замине за Премиерската палата, каде што ќе оствари средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а во текот на денот ќе се сретне и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис.

372

Претседателот Стево Пендаровски претпладнево ја почна дводневната официјална посета на Грција, што воедно е и прва на највисоко ниво меѓу двете држави, со оглед на тоа дека досега, ниту еден претседател на нашата земја не ја посетил Атина, ниту пак некој грчки претседател бил во Скопје.

Со државни и воени почести  пред Претседателската палата во Атина, Пендаровски беше пречекан од претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу.






Сакеларопулу и Пендаровски ќе имаат тет-а-тет средба, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Од Претседателската, претседателот Пендаровски ќе замине за Премиерската палата, каде што ќе оствари средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а во текот на денот ќе се сретне и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис.

Во рамки на посетата, претседателот ќе го посети музејот Бенаки, каде што е предвидено разгледување на архивата на Константинос Доксијадис и ќе оствари средба со американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајат.

За време на посетата, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, која што во рамки на дамската програма, ќе ја посети Националната галерија во Атина, во придружба на министерка за култура и спорт на Грција Лина Мендони.

Поврзани содржини