ОБЈАВЕНИ ИМИЊАТА НА НОСИТЕЛИТЕ НА НАГРАДАТА „11 ОКТОМВРИ“ Вангелов, Кузманоски, Бегова и Несими го добија највисокото државно признание

Вангелов ја доби наградата за животно дело во областа на науката и образованието, додека Кузманоски, Бегова и Несими ја добија наградата за животно дело во областа на културата и уметноста.

1,271

Највисокото признание во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности „11 Октомври“ годинава ја добиваат филологот Атанас Вангелов, сликарот Павле Кузманоски, актерката Бедиа Бегова и политикологот Махи Несими.

Министерството за култура појасни дека Вангелов ја доби наградата за животно дело во областа на науката и образованието, додека Кузманоски, Бегова и Несими ја добија наградата за животно дело во областа на културата и уметноста.






Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2021 година (понеделник) во 12 часот во Собранието.

Поврзани содржини