СЕВЕРИНА ДОБИ ТУЖБА ОД ЕКС-СОПРУГОТ „Тој ја брани судијката што ми го одзеде детето“
Главно, тој (Милан) во тужбата ја оправдува судијката која ми го одзеде моето дете. Завчера добив тужба за (моите објави на) Инстаграм. Како вам ви започнува утрото?, напиша на Инстаграм Северина под фотографијата од тужбата.
Не стивнува голготата на Северина околу нејзиниот син кој се врати дома и останатите вмешани во судењето и процесот за старателство. Иако Александар се врати кај мајка му, утринава таа добила тужба од поранешниот сопруг Милан Поповиќ во која тој ја брани и оправдува судијката која ѝ го беше одзела детето уште пред девет години, дознава порталот Јутарни.
„Добро утро, екипо! Како започна вашиот ден? Моите утра започнуваат со тужби. Добив уште една тужба од човек кој поднел над 70 тужби. Ќе ги објавувам со тек на време. Френетичната судска парница има своја дијагноза. Главно, тој (Милан) во тужбата ја оправдува судијката која ми го одзеде моето дете. Завчера добив тужба за (моите објави на) Инстаграм. Како вам ви започнува утрото? “, напиша на Инстаграм Северина под фотографијата од тужбата.
Северина неодамна на Инстаграм, а и во свое интервју за Х-Алтер јавно проговори како девет години била малтретирана по судови и по разни институции. Таа тогаш објави и дека во Хрватска жените се заплашувани за да молчат во вакви ситуации, а „на тапет“ ги стави и судијката, адвокатката, но и докторката која му пружала психолошка поддршка на нејзиниот син Александар, додека траела драмата со разводот и старателството.
Се чини дека сите луѓе кои Северина ги обвини, сакаат да го возвратат ударот во медиумите.
Пејачката неодамна откри и дека веќе добила неколку тужби од поранешниот сопруг, а тие посебно зачестиле откако Милан дознал за нејзината врска со Игор Којиќ.