СЕ ЗГОЛЕМУВА ЛА ПАЛМА Од допирот на лавата и водата островот пораснал за 338 хектари

Лавата од 19 септември се слева низ падините како река и од карпите се прелива во океанот, но има стравување дека нејзиниот тек би можел да се промени поради нерамниот терен и да се прошири на други подрачја, каде би биле уништени уште куќи и земјоделско земјиште.

1,360

Површината на шпанскиот остров Ла Палма продолжува да се зголемува поради влевањето на лавата во Атлантскиот океан и стврднувањето при допир со водата, соопштиле научници од ЕУ.

Европската програма за посматрање на Земјата „Коперник“ соопшти дека сателитските снимки покажуваат дека површината на стврднатата лава во форма на латинската буква D, на западниот брег на островот достигнала 338 хектари.






Ветрот кој вообичаено дува на Канарските острови помага да се разнесе чадот, пареата и токсичните гасови кои се формираат кога лавата, чија температура е повеќе од 1.000 степени Целзиусови, доаѓа во допир со водата на океанот од 22 степени.

Власта и натаму е претпазлива бидејќи метеоролошката служба соопштила дека ветрот би можел да го промени правецот во текот на денот и да ги донесе отровните гасови кон брегот и кон средиштето на островот.

Хлороводородната киселина ситните честички на вулканското стакло се ослободуваат во воздухот и може да предизвикаат иритација на кожата, очите и на органите за дишење.

Лавата од 19 септември се слева низ падините како река и од карпите се прелива во океанот, но има стравување дека нејзиниот тек би можел да се промени поради нерамниот терен и да се прошири на други подрачја, каде би биле уништени уште куќи и земјоделско земјиште.

Досега се уништени најмалку 885 згради, 30 километри патишта и друга клучна инфраструктура. Вулканската пепел оштетила или уништила плантажи со банани, кои се клучен извор на приходи на многу жители на Ла Палма.

Поврзани содржини