СУДОТ КОНЕЧНО – СЛОБОДНА Е: Голема победа на Бритни Спирс (ВИДЕО)

На судското рочиште во средата, судијката Бренда Пени наредила Џејмс Спирс веднаш да биде суспендиран како конзерватор.

610

Судија од Лос Анџелес го суспендираше таткото на Бритни Спирс од конзерваторската позиција која ѝ го контролира животот веќе 13 години, што е голема победа за пејачката, која долго време се противи на аранжманот којшто ѝ ја одзеде независноста.

На судското рочиште во средата, судијката Бренда Пени наредила Џејмс Спирс веднаш да биде суспендиран како конзерватор.






– Сегашната ситуација е неодржлива. Тоа одразува токсична средина која бара суспензија на Џејмс Спирс – рекла Пени откако ги слушнала аргументите од двете страни.

Пејачката не присуствувала на рочиштето, но се огласила на инстаграм споделувајќи видео на кое управува со авион.

„Во моментов во облаци. Првпат во авион и како копилот. Боже, бев исплашена. Наскоро нови слики“, напишала Бритни.

Судијката закажала рочиште за 12 ноември, на кое ќе се дискутира за целосно прекинување на конзерваторниот мандат, за што сега се чини дека сите странки го поддржуваат.

Метју Розенгарт, адвокатот на Бритни Спирс, побара нејзиниот татко да биде отстранет непосредно пред да се преземе која било друга акција, велејќи дека тоа е неопходно за благосостојбата на пејачката.

„Конзерваторството може и треба да се укине и веднаш да престане – би било идеално оваа есен… Бритни Спирс заслужува нејзиниот татко повеќе да не го контролира нејзиниот живот“, рекол Розенгарт.

Одлуката беше донесена три месеци откако поп -sвездата за првпат јавно побара нејзиниот татко да биде отстранет, тврдејќи дека е суров и рече: „Му се допаѓаше контролата да ја повреди својата ќерка“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

 

Поврзани содржини