ЛГБТ ЛУЃЕТО ДА ПОСВОЈУВААТ ДЕЦА Над 60 отсто од Швајцарците гласале „за“

И други западноевропски земји го овозможија посвојувањето на деца од истополови бракови. Разликата е што во Швајцарија, за сите вакви прашања, се организира национален референдум.

762

Над 60 отсто од Швајцарците се изјасниле дека се „за“ истополовите бракови да можат да посвојуваат деца, дознава Би-Би-Си преку свој дописник. Новите мерки ќе им овозможат на паровите да посвојуваат деца со кои не се во крвно сродство, а на лезбејските парови им се отвора и можноста да имаат деца преку донација на сперма.

Во пресрет на гласањето, црковните групи и конзервативните политички партии се спротивставија на идејата, велејќи дека тоа ќе го поткопа традиционалното семејство. Швајцарија е земја во која истполовите бракови се легализирани уште од 2007 година, но посвојувањето деца уште не е дозволено.






Ако референдумот биде успешен, со овие мерки Швајцарија ќе се усогласи со другите западноевропски земји. Во текот на последните 20 години, повеќето земји во Западна Европа ги признаа браковите од ист пол.

Единствената разлика е што во повеќето други земји овие мерки и закони беа донесени без национален референдум.

Резулататите од референдумот ќе има за неколку часа.

Поврзани содржини