ПАНДЕВ ВЛЕЗЕ, ЏЕНОВА СЕ СПАСИ Паднаа шест гола на мечот против Верона
Македонскиот фудбалер влезе во игра на почетокот од второто полувреме при резултат 0-1, а набрзо потоа „веронезите“ поведоа и со 0-2. Се очекуваше рутинско приведување на мечот до крај, но следеше пенал за Џенова што Кришито го претвори во прв гол за домашниот состав.
Џенова со фантастичен пресврт стигна дo бод на дуелот против Верона (3-3), со три гола што тимот на нашиот Горан Пандев ги постигна во последните петнаесет минути од натпреварот, за на крајот „веронезите“ да постигнат гол за израмнување во судиското продолжение од овој драматичен дуел.
Македонскиот фудбалер влезе во игра на почетокот од второто полувреме при резултат 0-1, а набрзо потоа „веронезите“ поведоа и со 0-2. Се очекуваше рутинско приведување на мечот до крај, но следеше пенал за Џенова што Кришито го претвори во прв гол за домашниот состав.
Потоа на сцена стапи Дестро, кој најпрво со глава погоди за 2-2, за потоа со извонредна акција по додавањето на Пандев да го комплетира пресвртот, за огромна еуфорија меѓу домашните навивачи на „Мараси“ и новите американски газди на Џенова.
За жал на Пандев и соиграчите, ова не беше и крај на возбудувањата, бидејќи гостите од Верона успеаја да се консолидираат и во 91 минута постигнаа гол за 3-3 и освојување на еден бод, преку хрватскиот напаѓач Калиниќ по центаршутот на Касале.