СЗО ГО ПРЕПОРАЧУВА НАЧИНОТ НА ЛЕКУВАЊЕ НА ТРАМП Еве која група пациенти со корона ќе го добие овој третман
Станува збор за употреба на коктели од антитела против ковид-19, развиени од компаниите „Регенерон“ и „Рош“.
Комисијата на Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача употреба на коктели од антитела против ковид-19, развиени од компаниите „Регенерон“ и „Рош“, за пациенти со висок ризик од хоспитализација, како и за оние кои се сериозно болни и немаат природни антитела.
Овој третман доби итно одобрување во Соединетите држави, бидејќи привлече внимание кога се користеше минатата година за лекување од ковид-19 на тогашниот претседател Доналд Трамп.
Во специјална изјава, СЗО ја повика американската компанија „Регенерон“ да ги намали цените и да го дистрибуира третманот подеднакво низ целиот свет, особено во земјите со низок и среден приход.
Упатен е повик и до други компании исто така да ја пренесат технологијата за да помогнат во развојот на слични третмани.
Во Европа, терапијата со овој третман во моментов се разгледува, додека Британија ја одобри минатиот месец.