ФИРМА ДОБИЛА ПАРИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ЗА АРОМА ЗА ВОДА Николоски смета дека аферите на Шилегов немаат крај

Аферите кај Шилегов не се добројуваат, мислам дека јавноста ќе гледа афери до крајот на кампањата затоа што кај него крај немаат, а веројатно и по промената на власта во Скопје ќе има и дополнителни, затоа што ќе се има директен пристап до документите, ќе се види како го водел Градот или поточно како не го водел туку ги гледал сопствените интереси, вели Николоски.

966

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, во однос на аферите кои секојдневно се случуваат, истакна дека аферите кај скопскиот градоначалник Петре Шилегов не може да се добројат, како и дека истата фирма која е замешана во последната афера која ВМРО-ДПМНЕ ја објави добила пари за ставање на арома во вода, што само по себе не претставува некоја иновација.

– Аферите кај Шилегов не се добројуваат, мислам дека јавноста ќе гледа афери до крајот на кампањата затоа што кај него крај немаат, а веројатно и по промената на власта во Скопје ќе има и дополнителни, затоа што ќе се има директен пристап до документите, ќе се види како го водел Градот или поточно како не го водел туку ги гледал сопствените интереси – вели Николоски.






Тој потенцираше дека секогаш во такви случаи станува збор за фирми кои се блиски до олигархијата или до семејството Заеви и дека така е и со случајот со последната афера и олигархиската фирма којашто ја произведува водата „Горска“, која е замешана во скандалот кој партијата го објави.

– Се сеќавате дека добиваа пари од Фондот за иновации за ставање арома во вода која иновација мислам дека после измислувањето на ајфонот е втора најиновативна работа во светот, ставањето на арома во вода за пиење и нормално мораа да бидат поддржани од Фондот за иновации – потсети Николоски.

Тој посочи дека СДСМ станал едно акционерско друштво каде главен акционер е Зоран Заев, кој на ист начин се обидува да ја приватизира државата.

Поврзани содржини