ВО СВЕТОТ ВЕЌЕ ГИ ВАКЦИНИРААТ ДЕЦАТА Еве го списокот на земји кои предничат во трката
Неодамна, вакцините „Фајзер“ беа одобрени за деца од пет до 11 години од американската Агенција за храна и лекови. Претседателот Бајден веќе посочи дека вакцините за таа помлада возрасна група би можеле да бидат достапни „наскоро“ откако регулаторите ќе ги прегледаат клиничките податоци.
Децата не се имуни на коронавирусот, а откако вакцината „Фајзер“ во мај од ЕМА беше официјално прогласена за безбедна за деца од 12 до 15 години, многу земји во светот предничат во битката да се имунизираат најмладите. Во Велика Британија експертите веднаш препорачале на децата да им се даде прва доза, пишува Би-Би-Си.
Ова е список на земји во светот кои веќе ги вакцинираат децата и начинот на кој го прават тоа.
Данска и Шпанија се рекордери
Данска (12 до 15-годишници) и Шпанија (12 до 19-годишници) и двајцата сега вакцинираа најголем дел од нивната детска популација со барем една доза. Тие предничат во ЕУ.
Франција
Франција се движи брзо со 66 отсто од оние на возраст од 12 до 17 години вакцинирани со една доза, односно со 52 отсто од сите нив целосно вакцинирани. До октомври земјата ќе ги прошири своите ковид-потврди и за лицата помлади од 18 години, што значи дека сите тинејџери ќе треба да покажат доказ за вакцинација или негативен тест за ковид-19 за да влезат во кината, музеите, рестораните или во затворените трговски центри.
Германија
Во јуни германските научни советници препорачаа вакцината да им се понуди само на деца на возраст од 12 до 15 години со основни здравствени состојби. Но, во август, откако делта-сојот почна да се шири уште повеќе, вакцината почна да седава и на сите постари од 12 години.
Шведска
Во Шведска, децата на возраст од 12 до 15 години имаат право на вакцина само ако имаат заболување на белите дробови, тешка астма или друга медицинска состојба со висок ризик.
Норвешка
Во Норвешка, која не е дел од ЕУ, примената на вакцината неодамна беше проширена за деца на возраст од 12 до 15 години, но ќе се понуди само првата доза, а одлуката за втората доза ќе се донесе подоцна.
САД вакцинираше деца и со „Фајзер“ и со „Модерна“
Во мај, американските и канадските регулатори беа првите кои ја одобрија вакцината „Фајзер“ за употреба кај деца од 12 години или постари. Вакцинината почна да се дели веднаш на места низ САД со две дози дадени во меѓупериод од три недели.
До крајот на јули, 42 отсто од 12 до 17-годишниците во САД ја примиле својата прва доза, а 32 отсто ја примиле и втората доза, било тоа да е од „Фајзер“ или од „Модерна“.
Настојувањето да се вакцинираат децата дојде кога САД започнаа да се борат со порастот на инфекциите од делта-сојот. Во најновиот извештај од Центарот за контрола на болести се вели дека бројот на деца хоспитализирани со ковид-19 е од 3,4 до 3,7 пати поголем во државите со најмалку вакцинирани деца.
Неколку училишни одбори во САД изгласаа задолжително вакцинирање на децата на возраст од 12 години и повеќе и покрај тоа што некои родители се бунеа.
Во Лос Анџелес, наредбата неодамна беше проширена на 600.000 ученици, додека во Њујорк, вработените мораа да бидат имунизирани. Тоа сепак, не важи за студентите.
САД ќе ги вакцинира и децата од 5 до 11 години
Неодамна, вакцините „Фајзер“ беа одобрени за деца од пет до 11 години од американската Агенција за храна и лекови. Претседателот Бајден веќе посочи дека вакцините за таа помлада возрасна група би можеле да бидат достапни „наскоро“ откако регулаторите ќе ги прегледаат клиничките податоци.
Кина
Во јуни, Кина почна да им дозволува на некои деца од три до 17 годишна возраст да им се понуди прва доза од вакцината „Синовак“, со што стана првата земја што одобри вакцина за толку млади луѓе.
Земјата си постави за цел да вакцинира 80 отсто од нејзините 1,4 милијари жители до крајот на годината, бројка што е невозможно да се исполни без притоа да се вакцинираат и малолтените лица.
Во теорија, вакцинирањето во Кина е на доброволна база, иако некои локални власти рекоа дека на учениците нема да им биде дозволено да се вратат на училиште од септември, освен ако целото семејство не примило две дози.
Вакцината „Синовак“ исто така е широко користена во многу земји во Азија, Африка и Јужна Америка.
Чиле
Во Чиле, „Синовак“ веќе е одобрена за употреба кај деца од шест години, а компанијата неодамна започна и клинички испитувања за да ја тестира својата вакцина на деца во Јужна Африка на возраст од шест месеци до 17 години.
Индија
Се смета дека Индија има најмногу тинејџери во светот. Се сметка дека се околу 253 милиони, проценува УНИЦЕФ. Најновите податоци од Националната серолошка анкета сугерираат дека околу 60 отсто од децата биле изложени на коронавирусот од почетокот на пандемијата и најверојатно имаат изградено одреден имунитет од минатите инфекции.
Во август, регулаторот за лекови во земјата даде итна употреба за нова вакцина развиена од локалната фирма за лекови „Зидус Кадила“ кај сите на возраст од 12 или повеќе години.
Моментално вакцината се дава во три одделни дози со помош на апликатор без игла, наместо со традиционален шприц. Од фирмата изјавиле дека наскоро се надеваат дека ќе започнат испитувања кај помали деца на возраст од две и повеќе години.
Младите од 12 до 17 години во Индија ќе се вакцинираат од октомври, но сепак, предност ќе имаат возрасните луѓе, кои треба да бидат вакцинирани до крајот на годината.