ПЕНДАРОВСКИ Е НАШ КОРЕКТИВ На Заев нема да му падне круната ако учи од него

Тоа што тој го соопштува го чувствувам најдобронамерно, треба да учиме од слабостите и да се усовршуваме, рече Заев на прашање да го коментира интервјуто на претседателот Пендаровски.

1,116

Претседателот на државата Стево Пендаровски одлично ја врши својата функција. Тој е наш коректив и неговите критики секогаш ги сфаќам најдобронамерно, рече денеска премиерот Зоран Заев, во врска со последното интервју на шефот на државата во кое, меѓу другото, зборува и за трагедијата во Тетово.

– Не си дозволувам длабински анализи на интервјуа на претседател на државата. Неговата функција е да биде коректив. Тоа што тој го соопштува го чувствувам најдобронамерно. Да учиме од слабостите и да се усовршуваме. Тој е претседател на сите граѓани, ја врши одлично својата функција и е наш коректив, на политичарите. Нема да ни падне круната од глава ако испрати критики, напротив, од критиките треба да учиме – истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по увидот на пречистителната станица во Штип.

Поврзани содржини