УЛИЦИТЕ КАКО РЕКИ, АВТОМОБИЛИТЕ КАКО ЧАМЦИ Силно невреме го зафати југот на Франција (ВИДЕО)

Како што пишуваат француските медиуми, граѓаните треба да останат во своите домови и да избегнуваат излегување надвор и не е препорачливо да возат автомобили по улиците.

1,281

Силно невреме ја зафати француската провинција Окситанија, а француската метеоролошка служба издаде црвено предупредување за овие делови на земјата поради опасни и многу интензивни катастрофи.

Како што пишуваат француските медиуми, граѓаните треба да останат во своите домови и да избегнуваат излегување надвор и не е препорачливо да возат автомобили по улиците.






Нивото на реките во овој дел на Франција рапидно расте, а се стравува дека последиците од поплавите би можеле да бидат уште пострашни.

За време на поплавата, евидентирани се 23 случаи на луѓе заробени во автомобили, кои биле спасени од тимови на специјално обучени пожарникари. Поројни води и кал превртеле автомобили и поплавиле неколку патишта, вклучувајќи го автопатот А9 помеѓу Монпелје и Ним, како и железничката пруга.

На некои места било забележано дека водата ги поплавила училиштата додека учениците биле внатре, но за среќа нема повредени.

За помалку од 24 часа, оваа област ја погодија дури 19.000 громови, а 1.300 само во градот Ним, пренесуваат француските медиуми.

Поврзани содржини