СОФИЈА НЕ Е АВТОР НА БУГАРСКИОТ НОН-ПЕЈПЕР Од тамошното МНР не биле известени за документот
Бугарското МНР не било известено за ваков документ, не е негов автор, ниту може да го коментира, вели дописник на МИА од Софија, повикувајќи се на официјално соопштение.
Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека властите во земјата на никаков начин не учествувале во подготвувањето на нон-пејперот за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје, јавува МИА.
Дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на соопштението од бугарското Министерство за надворешни работи, информирашe дека оттаму истакнале дека не се официјално известени за таков документ, ниту пак дека учествувале во неговата подготовка и поради тоа не можат да ја коментираат неговата автентичност и содржина.
Нон-пејперот кој се појави неодамна во медиумите и кој нуди ново решение за македонско-бугарскиот спор, силно ја разбранува јавноста во Македонија.