ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВОВЕДУВА ДОПОЛНИТЕЛНА ВАКЦИНА ЗА ПОСТАРИТЕ ОД 50 ГОДИНИ За бустер доза се препорачува Фајзер

Вакцината на Фајзер може да биде трета доза за тие кои претходно примиле две дози од АстраЗенека. Ако биде потребно, вакцината на Модерна може да се употреби како алтернатива, но само половина доза како засилувач откако испитувањата покажале дека е ефикасна и со малку нуспојави.

805

Дополнителна вакцина против коронавирусот ќе им биде понудена на повозрасните од 50 години, на лицата во старските домови и на здравствените и социјалните работници, објави британската Влада.

Експертите сметаат дека вакцината на Фајзер/Бионтек би требало да се користи како бустер доза за повеќе од 30 милиони луѓе и дека безбедно може да се даде со вообичаената вакцина против грип. Сите лица со ослабен имунитет и сите на возраст од 16 до 65 години кои се во ризичните групи имаат право на дополнителна доза.






Одобрени се три вакцини како безбедни и ефикасни за дополнителна доза и тоа се вакцините на АстраЗенека, Фајзер и на Модерна. Но, експертите ја одбрале Фајзер бидејќи истражувањата покажале дека таа добро се поднесува и дека дејствува како засилувач.

Вакцината на Фајзер може да биде трета доза за тие кои претходно примиле две дози од АстраЗенека. Ако биде потребно, вакцината на Модерна може да се употреби како алтернатива, но само половина доза како засилувач откако испитувањата покажале дека е ефикасна и со малку нуспојави.

Луѓето би требало да примат трета доза најмалку шест месеци по втората доза. Откако ќе се соберат дополнителни податоци, експертите планираат да разгледаат дали третата доза ќе ја понудат на здрави лица помлади од 50 години.

Поврзани содржини