НУТРИЦИОНИСТКАТА ОБЈАСНИ Еве зошто не треба да јадеме чоколадо пред спиење

1,701

Колкупати ни се случило да ни се јаде чоколадо пред одењето во кревет.

Нутриционистите велат дека сепак треба да го оставиме за следниот ден.






Имено, чоколадото содржи кофеин, а неговата количина варира од вид до вид. Тоа може да не држи будни ноќе и да влијае на утрешниот ден.

Стручњаците препорачуваат дека е лоша идеја да се јаде чоколадo пред спиење. Колку и да уживаме во парчето чоколадо, се препорачува да не се јаде чоколадо по 17 часот, вели докторката по натуропатска медицина Ерин Стокс. Иако темното чоколадо може да се пофали со бројни здравствени благодати – содржи антиоксиданти кои можат да помогнат во намалувањето на стресот, го намалуваат нивото на кортизол – подобро е да го јадеме чоколадото како десерт по ручек, отколку навечер.

Чоколадата исто така содржи соединение наречено теобромин, кој е антиоксидант кој може да ни помогне да го намалиме ризикот од срцеви болести, но создава резистенција на инсулин, што на нашето тело делува слично како и кофеионот. Иако количината на кофеин во чоколадото е минимално, некои луѓе ќе ги почувствуваат ефектите повеќе отколку другите ако изедат чоколадо пред спиење. Теоброминот е дел од растението какао, а бидејќи е алкално, припаѓа на истото хемиско семејство како и кофеинот. Овие две состојки не само што го зголемуваат нашето уживање во храната, туку го зголемуваат и расположението и нивото на будност.

Треба да запомнеме дека секое тело е различно. Некои луѓе може да испијат еспресо кафе пред спиење и да поминат пријатна ноќ, додека други не можат око да склопат откако ќе изедат малку чоколадо, тврди д-р Ерин Стокс.

Нивото на теобромин во чоколадото делува на ист начин како и нивото на кофеин – колку е потемно чоколадото, толку повеќе кофеин и теобромин ќе најдете. Затоа Националната фондација за спиење препорачува да избегнувате чоколадо, кафе и чај пред спиење.

Таа вели дека генерално најдобро да престанете да јадете најмалку три часа пред спиење, давајќи му на телото доволно време да ја свари храната, пред да влеземе во кревет и да заспиеме.

 

Поврзани содржини