БАЈДЕН ЌЕ НАРЕДИ ВАКЦИНАЦИЈА НА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ВЛАДАТА Станува збор за милион луѓе
Се очекува Бајден да открие повеќе и за третата доза на вакцината против ковид-19, но нема да открие кога за граѓаните на САД ќе биде достапна дополнителната доза.
Претседателот на САД Џо Бајден воведува строги мерки за вработените во јавните институции и владата за и приватните фирми да преземат такви мерки.
Една од мерките која Бајден ќе ја наложи со потпишување на извршна уредба е дека ќе се бара вакцинација на сите вработени во владата.
Вработените повеќе не ќе можат да се извлекуваат преку редовното тестирање, јавува Си-Ен-Ен.
Претседателот ќе потпише и извршна уредба за институциите кои соработуваат со сојузната власт – Министерството за одбрана, Одделот за ветерани, Индиската здравствена служба и со Националниот институт за здравје.
Белата куќа проценува дека двете одредби покриваат 2,5 милиони луѓе.
Бајден исто така планира да најави големо проширување на бесплатното тестирање, што е мерка за која здравствените работници рекле дека е од клучна важност за сузбивање на вирусот, особено по враќањето на децата во училиштата и на некои работници во канцелариите.
Се очекува Бајден да открие повеќе и за третата доза на вакцината против ковид-19, но нема да открие кога за граѓаните на САД ќе биде достапна дополнителната доза.