СИНОТ ЌЕ ГО ГЛЕДА САМО НА ТЕЛЕВИЗИЈА Роналдо ѝ забрани на мајка си да доаѓа на стадион
Долорес не смее да ги гледа во живо големите натпревари и категорично исклучена е можноста да присуствува на четвртфинале, полуфинале и финале.
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ѝ забранил на својата мајка Долорес Авеиро да доаѓа на стадионот „Олд Трафорд“.
Одлуката е поврзана со здравјето на 66-годишната Долорес која понекогаш не може да ја поднесе еуфоријата на стадионот додека го гледа својот син како игра. И како што поминуваат годините, нејзините потешкотии се сè повеќе изразени.
Во една прилика дури си ги скршила и забите, па Роналдо одлучил да ѝ забрани да доаѓа на стадион.
Долорес не смее да ги гледа во живо големите натпревари и категорично исклучена е можноста да присуствува на четвртфинале, полуфинале и финале.