ПОРАДИ НЕГО ПРЕМИНАВ ВО ИСЛАМ, А ТОЈ МЕ ОСТАВИ ЗА ПОМЛАДА Се огласи сопругата на славниот фудбалер (ФОТО)
Ријад Марез, алжирскиот фудбалер и sвезда на Манчестер Сити, се најде во центарот на вниманието, но не поради игрите на теренот, туку поради неговиот љубовен живот.
Англиските таблоиди се полни со приказни за неговите љубовни авантури, а сега тој повторно е во центарот на вниманието откако неговата поранешна сопруга имаше што да каже за него.
Пејачката и манекенка Рита Џохал, која премина во ислам поради Марез, го повика во големата исповед и рече дека се променил откако преминал во редовите на шампионите на Англија.
View this post on Instagram
Марез во Манчестер Сити заработува 186.000 евра неделно.
– На Ријад славата му удри во глава. Се промени кога отиде во Манчестер Сити. Но, кариерата на фудбалерот е краткотрајна. Тие мора да останат достоинствени и лојални на своите сакани, дури и кога ќе преминат во поголем клуб, бидејќи кога сѐ ќе помине, ќе сфатат некои работи – изјавила пејачката за „Сан“ и продолжила:
– Го сакав. Ја променив и верата, престанав да пијам алкохол, бидејќи тој не пие, ги почитував неговите вредности и сакав хармоничен семеен живот. Сакав да бидеме силни и тој се чувствуваше исто.
Врската помеѓу нив почнала во 2014 година во Лондон, а по четири месеци се венчале. Заедно имаат две ќерки, Инаја и Ајла, но на крајот се развеле. Во 2019 година, тој се иселил од семејниот дом.
Марез набрзо почнал да се гледа со 22-годишната студентка по мода и инфлуенсерка Тејлор Ворд, а не му требало долго за да ја запроси. За таа прилика нарачал посебно изработен дијамантски прсте вреден околу 470.000 евра. Тејлор е ќерка на поранешниот професионален фудбалер Ешли Ворд.
View this post on Instagram
– Еден ден тој само отиде во хотел. Само што го напушти семејството. Го молев да се врати и тој рече дека не може поради стресот. Вистината е дека му било здодевно. Тоа беше ужасно. Неговите обожаватели ме малтретираа на Интернет, се чувствував како неуспешна – заклучила Рита.
Тејлор се преселила во неговиот луксузен стан во декември, а оваа година купиле куќа од два милиони фунти во Чешир, Велика Британија. Рита, која сега е во врска со музичкиот продуцент Fumez The Engineer, тврди дека за свршувачката на поранешниот сопруг и Тејлор дознала на Инстаграм.
– Немаше пристојност да ѐ каже на мајката на своите деца дека има нова партнерка. За свршувачката дознав на Инстаграм – коментира Рита.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм