ФИЛИПЧЕ ОТКРИВА Еве во кој случај би имало нови рестриктивни мерки за заштита од ковид-19

За време на овој бран огромен број од починатите, да не речам сите се со хронични болести на кардиоваскуларниот систем и белите дробови – истакна министерот.

2,840

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека не се исклучува да се донесат и нови рестриктивни мерки за да се намали бројот на заразени од коронавирус.

Сепак, според него тоа ќе зависи од состојбата, а во моментов без разлика со кој сој се заразени лицата, мерките за сите се исти, а вакцинацијата е ефективна за сите соеви.






– За време на овој бран огромен број од починатите, да не речам сите се со хронични болести на кардиоваскуларниот систем и белите дробови – истакна министерот.

Филипче информираше дека наскоро ќе бидат споделени и анализите за тоа колку лица досега двапати се заразиле со вирусот, колку од нив се вакцинирани со две дози, анализа направена од Институтот за јавно здравје.

Поврзани содржини